Филипче: ВМРО-ДПМНЕ ќе ја врати Македонија во времето на страв, уцени и притисоци

„ВМРО-ДПМНЕ сака да ја врати Македонија во времето на страв, уцени и притисоци, но граѓаните нема да се предадат“, изјави лидерот на СДСМ, Венко Филипче, во Конче.

Тој остро го осуди притисокот врз граѓаните за време на кампањата, нагласувајќи дека владата на ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ги заплаши луѓето преку институциите.

„Со полицијата, финансиската полиција, шумската полиција, преку социјалните служби, тие вршат притисок врз граѓаните. Тие сакаат да нè потсетат на времето кога сите живеевме во страв и уцени. Но, тоа време заврши. Луѓето сакаат нормален живот, без притисок, без закани, без мито“, рече тој.

Филипче повика на масовна излезност на локалните избори во недела.
The post Филипче: ВМРО-ДПМНЕ ќе ја врати Македонија во времето на страв, уцени и притисоци appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: