Босанскиот интернационалец од редовите на екипата на Рома, Миралем Пјаниќ, е воодушевен од резултатите што ги постигнува со Рома во последно време.
Рома е во одлична форма, забележа четири последователни победи во Серија „А“, како и пласман во ¼ финалето од купот на Италија.
Капитенот Тоти по победата над Аталанта во Купот, истакна дека Рома е на вистинскиот пат, а слично размислува и неговиот соиграч Миралем Пјаниќ.
„Презадоволни сме со нашиот учинок, само треба да продолжиме во ова темпо, имаме уште два натпревари до Божиќ и само на нив сме фокусирани“ вели Планиќ.
„Секоја победа е вовед во нова победа, така е тоа во спортот“ изјави босанскиот интернационалец од редовите на Рома, Миралем Пјаниќ.
Пронајдете не на следниве мрежи: