Димовски: Премиерот треба да ги избере луѓето кои најдинамично и најквалитетно ќе испорачаат, во секој ресор има што да се сработи

Нема да навлегувам во имиња за реконструкција, но заврши еден процес каде Владата се легитимираше, стабилизирање на можноста власта да пофати сите инструменти за спроведување на својата програма, е сега следува периодот каде премиерот треба да ги избере луѓето кои што најдинамично и најквалитетно ќе ги испорачаат очекувањата на граѓаните, порача вечерва во 24 анализа Илија Димовски поранешен висок функционер во ВМРО-ДПМНЕ и во Собранието.

Димовски потенцираше дека правосудството е една од приоритетните позиции во која мора да се направи некаков ред, каков ќе биде тој ред вели си има Влада да мисли. Според него и делот на функционалност на јавната администрација е приоритет.

“Нашата администрација е преобемна, трома, прескапа, нефукционална, ако Владата се посвети и направи тука некое поместување ќе има. Владата мора да се посвети и на буџетските расходи кои ќе мора да ги намали. Во секој ресор има што треба да се сработи, има простор и фронт што треба да се сработи. Владата е со полн капацитет и легитимитет и треба да се посвети на тој процес -вели Димовски.

Тој не очекува и смета дека не треба да има предвремени парламентарни избори.

За малиот број на гласови на Орце Ѓорѓиевски тврди дека не се пртестни гласови туку немање натпревар и мотив, бидејќи неколку месеци пред изборите се знаело дека ќе победи.

За изгубените 140 000 гласови од парламентарните избори до локалните вели дека се повеќе секогаш интересот за парламентарни и мотивацијата е поголема.
The post Димовски: Премиерот треба да ги избере луѓето кои најдинамично и најквалитетно ќе испорачаат, во секој ресор има што да се сработи appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: