четврток, 26 ноември 2026
Најново

Захарова: Европа се лизга кон самоубиство

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Русија нема да дозволи Европската Унија да ја испровоцира да воведе реципрочни мерки во врска со визите што би можеле да им наштетат на националните интереси на Москва, изјави официјалната претставничка на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова, коментирајќи го воведувањето забрана за издавање шенген визи за руските граѓани.

„Многу од одлуките што ги носат [во ЕУ] имаат за цел да нè испровоцираат да воведеме одредени реципрочни мерки, можеби исти како нивните, што би ѝ наштетиле на нашата земја. Но, тие дефинитивно нема да го поздрават тоа. Ќе има одговор, но ќе биде донесен во согласност со нашите национални интереси“, нагласи Захарова.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Таа додаде дека многу одлуки на западните земји првично служат како пробен балон, со цел да се види реакцијата на руското општество.

Таа нагласи дека ваквите одлуки на Европската Унија би можеле да ја доведат Европа до самоубиство.

„Лишувањето од легални посетители, туристи од Русија, кои дојдоа со документи и пари, што им овозможи легално да престојуваат во земјите од ЕУ – верувам дека ова, секако, ја води Европа до самоубиство“, нагласи таа.

Поврзани вести