Опожарен „сеат леон“ на паркинг во Аеродром, полицијата истражува

На паркинг простор во скопската општина Аеродром, ноќта кон неделата бил опожарен автомобил „сеат леон“ со скопски регистарски таблици, сопственост на 48-годишен жител на Скопје.

Пожарот избувнал околу 00:45 часот и бил локализиран од екипите на Бригадата за противпожарна заштита. При настанот нема повредени лица.

Од СВР Скопје извршиле увид на местото на настанот и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, вклучително и утврдување на причините за пожарот.

Пронајдете не на следниве мрежи: