четврток, 26 ноември 2026
Најново

Мицкоски најавува нови работни места: Целите на „Костал“ во Македонија се импресивни

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Јас можам да го искажам своето задоволство, затоа што „Костал“ верува во Охрид, верува во Македонија, верува во својот бизнис тука и продолжува да го зголемува своето производно портфолио, истакна денеска во изјава од Охрид премиерот Христијан Мицкоски.

– Сепак, станува збор за компанија којашто генерално е семеен бизнис со голема традиција. Моментално ако ја анализираме нивната состојба во 2024 година, доаѓаме до обрт од околу 3,5 милијарди евра што е значајна работа.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Нивните цели овде во Македонија се импресивни, да обезбедиме нови 200 работни места, да дојдеме до обрт којшто би бил поголем од 300 милиони евра и ние како Влада апсолутно сме тука да помогнеме во реализирањето на овие цели, бидејќи тоа за нас како држава значи многу. – вели Мицкоски.

Поврзани вести