314 нови згради ќе никнат само од дозволите издадени во септември

Во септември годинава се издадени вкупно 314 одобренија за градење од општините низ целата држава, што е за 6,1 отсто повеќе во однос на истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС).

Како што информираат оттаму, според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 7.124.419 илјади денари, што е за 5,2 отсто помалку во однос на истиот месец од претходната година.

„Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 220 (70,1 отсто) се наменети за објекти од високоградба, 38 (12,1 отсто) за објекти од нискоградба и 56 (17,8 отсто) за објекти за реконструкција. Од вкупно 314 објекти, на 229 (72,9 отсто) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 85 (27,1 отсто) објекти инвеститори се деловни субјекти. Во извештајниот период е предвидена изградба на 727 станови со вкупна корисна површина од 69.411 м2“, информираат во ДСЗ.

Пронајдете не на следниве мрежи: