четврток, 26 ноември 2026
Најново

Лавров: И Русија ќе тестира нуклеарно оружје, ако и другите нуклеарни сили го прават тоа

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во интервју за руски медиуми изјави дека Москва ќе тестира нуклеарно оружје, ако и другите нуклеарни сили вршат нуклеарни проби.

– Москва е подготвена да разговара за загриженоста на САД за она што Вашингтон го нарекува „сомнителни подземни активности“, наведе Лавров.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Тој додаде дека Русија е загрижена од изјавите на САД што сугерираат дека нуклеарните тестови би можеле да се користат за геополитички цели.

Според Лавров, САД би можеле значително да се оддалечат од концептот на недозволивост на нуклеарна војна.

Русија претходно предложи едногодишно продолжување на ограничувањата според Договорот за стратешко офанзивно оружје.

– Според Москва, одлуката за продолжување на ограничувањата може да се донесе во секое време до 5 февруари 2026 година, кога истекува Договорот. Не се потребни понатамошни консултации со САД за неговото продолжување, туку само согласност од Вашингтон, истакна Лавров.

Тој се осврна и на контактите помеѓу Москва и Вашингтон, истакнувајќи оти останува посветен на договорот помеѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп во Будимпешта.

– Руската страна е подготвена да разговара со САД за продолжување на подготовките за состанок помеѓу Путин и Трамп, доколку и кога нашите американски колеги ќе го презентираат својот предлог, посочи Лавров

Поврзани вести