четврток, 26 ноември 2026
Најново

Поранешна порно ѕвезда ги повикува луѓето да се свртат кон Христос: „Отворете ја Библијата, нема да се покаете“ (ВИДЕО)

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Џена Џејмсон, едно од најпрепознатливите имиња во еротската филмска индустрија, зборуваше за својот нов живот и нејзиното свртување кон религијата.

Во видеото што го објави на Инстаграм, актерката изјави дека е крстена и дека започнува патување посветено на Христос , забележувајќи во описот на видеото: „По децении позната по моето тело и грев, се крстив и им помагав на другите да го пронајдат Исус“.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Во видеото, Џејмсон гледа во камерата и ја изговара фразата „Менувам страна“, додека во описот додава: „Отвори ја Библијата , нема да зажалиш“.

Во разговор за „Њујорк пост“, таа објасни дека е горда на својата трансформација.

– Силна сум и горда на мојот однос со Исус Христос. Со јавното изразување на мојата љубов кон него, им покажувам на многу луѓе дека не е невозможно да се спасат себеси – рекла таа. 

Нејзините следбеници на интернет брзо ѝ ја покажаа поддршката.

– Браво! Продолжи да ја споделуваш Божјата љубов – напиша еден корисник.

 – Добредојдовте на победничката страна. Тимот на Исус засекогаш“, додаде друг.

Ова не е прв пат Џејмсон да зборува за својата вера. Минатиот септември, таа објави фотографија од себе од 18-годишна возраст и денес, со порака дека поминала низ многу, но повторно ја пронашла својата вера и се чувствува мирно.

Џејмсон, чие вистинско име е Џенифер Мари Масоли, ја започна својата кариера како порно ѕвезда во 1990-тите и се пензионираше во 2008 година. Во последниве години, таа им дава приоритет на семејството и новиот живот, оставајќи го минатото зад себе.

Поврзани вести