Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, денес изјави дека шпекулациите за можно враќање на Лионел Меси како играч во овој шпански клуб се нереални.
Имено, Меси ненадејно го посети реновираниот стадион „Камп Ноу“ во неделата, а Лапорта за Радио Каталуња изјави дека сака да организира почит кон легендарниот Аргентинец, но дека навивачите на Барселона не треба залудно да се надеваат на враќањето на својот идол.
„Работите не завршија онака како што сакавме. Ако на некој начин оваа почит можеше да го надомести она што не беше направено, верувам дека тоа би било добро. Сепак, со огромното почитување што го имам кон Меси, кон сите професионалци во клубот и неговите членови, верувам дека шпекулациите за неговото можно враќање како играч се нереални“, рече Лапорта.
Да потсетиме дека осумкратниот освојувач на „Златната топка“ објави на Инстаграм дека сака да се врати на „Камп Ноу“, а не само да се збогува како играч.
Laporta: “Despite how everything happened with Leo Messi’s departure, I have no regrets”.“Barça is above anyone else. It’s not what we all wanted, but it was not possible in that moment”, told Catalunya Radio. pic.twitter.com/m2YVhD9dqR— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) November 12, 2025
Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња повтори дека сака да се врати да живее во Барселона.
„Не знаев дека доаѓа, но Камп Ноу е неговиот дом. Мислам дека тоа беше мал, спонтан и пријателски гест“, рече Лапорта.
Тој додаде дека клубот моментално работи на тоа Меси да ја добие најголемата почест во светот пред 105.000 навивачи, кога ќе заврши реновирањето на стадионот.
The post Претседателот на Барселона стави крај на шпекулациите за враќањето на Лионел Меси како играч appeared first on Во Центар.



