Амандманска расправа по Предлог-буџетот за 2026

Во Собранието денеска ќе почне амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2026 година. До собраниската Комисија за финансирање и буџет поднесени се над 100 амандмани.
Во предложениот буџет за 2026 година, вкупните приходи се проектирани на 374,7 милијарди денари, а расходите на 413,9 милијарди денари.
Капиталните инвестиции се на ниво од 40,5 милијарди денари или 650 милиони евра. Економскиот раст е проектиран на 3,8 проценти, инфлацијата на 2,5, а буџетскиот дефицит на 3,5 проценти од БДП.
Пленарната седница на која ќе се разгледува Предлог-буџетот за 2026 година е планирано да се одржи на 9 декември.

Пронајдете не на следниве мрежи: