Осумдневен притвор за скопјанецот кој нападна 12-годишно дете

Осумдневен притвор доби скопјанецот кој физички нападна 12-годишно дете со велосипед и со нож го повреди и му ги исече гумите од велосипедот.
Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека против скопјанецот е поднесена кривична пријава.
– СВР Скопје го расчисти случајот пријавен на 11.11.2025 во 20:00 часот од страна на Г.М.(39) од Скопје, кој пријави дека околу 15:50 часот на подрачјето на Центар, неговиот 12-годишен син бил физички нападнат од Б.Љ., кој потоа со остар предмет му нанел расекотина и му го оштетил велосипедот. По преземени соодветни мерки и активности, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Љ. и од него е одземен ножот со кој го извршил кривичното дело, информира МВР.

Пронајдете не на следниве мрежи: