Скопјанец е осомничен дека на 11 ноември движејќи се со електричен мотор по булеварот „Крсте Мисриков“ нападнал 12-годишно дете со велосипед.
Осомничен е 53-годишен маж кој ќе се гони за кривично дело „насилство врз дете“.
Тој го нападнал детето со тупаници и клоци во пределот на лицето и телото, а потоа извадил и нож со кој му ги дупнал гумите од велосипедот и го фрлил велосипедот на булеварот.
– Додека детето се движело со велосипед по булеварот „Крсте Мисирков”, осомничениот го пресретнал со електричен мотор и без повод и причина агресивно го нападнал со тупаници и клоци во пределот на лицето и телото. Во еден момент извадил и нож со кој замавнал кон детето, а потоа со дршката го удрил по главата. Детето успеало да се оттргне и да побара помош од случајни минувачи. Осомничениот го зел велосипедот од оштетеното дете, му ги исекол двете гуми и го фрлил кон булеварот со намера да го оштетат возилата кои поминувале. Потоа со моторот го напуштил местото на настанот, додека пак оштетеното дете било пренесено во Ургентниот центар, информира денеска Републичкото јавно обвинителство.
Од Обвинилетсвото бараат мрка притвор за осомничениот бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство.



