Министерката за рударство и енергетика на Србија, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ, изјави дека добиле известување од Владата на САД со кое се бара излегување на руската сопственост од Нафтената индустрија на Србија (НИС).
„Всушност, на барање на НИС, за првпат, таа недвосмислено рече дека сака целосна промена на руските акционери, односно дека бара излез од сопственоста“, рече српската министерка.
„Се наоѓаме во момент кога можеби пред нас се некои од најтешките одлуки во модерната историја на Србија. Геополитичката ситуација се менува од ден на ден и се надевам дека нашите руски пријатели ќе ја разберат сериозноста на моментот и ќе ни помогнат заедно да излеземе од оваа исклучително сложена ситуација. Ние, ниту виновни ниту обврзани, се најдовме во средината на политички и геополитички конфликт и како мала земја сега мора да платиме висока цена. И единственото нешто што го сакавме беше да бидеме фер и коректни кон сите наши партнери и сите наши пријатели“, рече Ѓедовиќ..
Владата на Србија денед ќе одржи состанок во Палатата на Србија, на кој се поканети сите директори на јавни претпријатија. Седницата ќе започне во 11 часот, соопшти владата.
Санкциите беа воведени од САД поради мнозинскиот руски капитал во компанијата.
Компанијата НИС ја информираше јавноста дека посебната лиценца на Министерството за финансии на Соединетите Американски Држави, која овозможува непречено оперативно работење, не е продолжена, што го означи почетокот на примената на американските санкции против таа компанија.
The post Американците сега бараат од Вучиќ целосно да ги повлече Русите од нафтената индустрија на Србија appeared first on Во Центар.



