Морничава сообраќајна несреќа во Скопје: Еден загина а неколкумина повредени

Синоќа околу 23:10 часот, на улицата „Борис Трајковски“ во Скопјe, се случила сообраќајна незгода помеѓу „Фолксваген Голф“ и „БМВ“.

55-годишниот возач на возилото „Фолксваген Голф“ починал, додека другите тројца патници се здобиле со телесни повреди.

„На 15.11.2025 година околу 23:10 часот, во СВР-Скопје е пријавено дека на улицата „Борис Трајковски“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од Ш.Х. (56) од Скопје и „БМВ“ со скопски регистарски ознаки управувано од Ф.П. (28) од Скопје. Возачот на „Фолксваген Голф“ Ш.Х. починал на местото на настанот од здобиените повреди, а смртта ја констатирал лекар од Итна помош. Неговите сопатници Н.Х. (52) и М.Р. 24 години, двајцата од Скопје и Ф.М. (28) од Косово, како и возачот на БМВ-то, се здобиле со телесни повреди констатирани во Општата болница „Св. Наум Охродски“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и полициски екипи, а по наредба на обвинителот телото на починатиот е испратено на обдукција“, се наведува во извештајот на полицијата.
The post Морничава сообраќајна несреќа во Скопје: Еден загина а неколкумина повредени appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: