Мојсоска: Власта е на потег, надзорна расправа и анкетна комисија за Кочани мора да има

Пратеничката група на „Левица“ смета дека надзорна расправа и анкетна комисија за трагедијата во Кочани мора да има. Според оваа партија, власта веќе нема ниту еден аргумент плус да го одлага одржувањето на надзорна расправа имајќи предвид дека обвинителниот акт е поднесен пред повеќе од еден месец.
– Власта е на потег… Надзорна расправа за трагедијата во Кочани мора да се одржи, а тоа го ветуваа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Во сите нивни изјави и медиумски настапи пред неколку месеци, пратениците од власта тврдеа дека надзорна расправа ќе има штом се поднесе обвинителниот акт (наводно за да не се попречува истрагата).
Кога ВМРО-ДПМНЕ во Собрание ја саботираше иницијативата за надзорна расправа поднесена од Левица, пратеничката Дафина изјавуваше дека ,,истрагата се уште не е завршена, да почекаме да биде формиран тој обвинителен акт, па потоа како пратеници да расправаме на тема трагедијата во Кочани.” И пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ – Драгана Бојковска (во изјава за ИРЛ) тврдеше дека сами ќе иницираат расправа за Кочани штом заврши истрагата. Поминаа повеќе од месец дена од поднесувањето на обвинителниот акт, а пратениците од власта молчат, напиша денеска пратеничката Јована Мојсоска од Левица.
Обвинителниот акт за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани е поднесен, а во среда треба да почне судскиот процес. Семејствата на загинатите во саботата одржаа протест во Скопје барајќи правда за нивните најмили.
Во пожарот во Пулс загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

Пронајдете не на следниве мрежи: