Мицкоски за анкетна за „Пулс“ пренасочи на парламентарците . Како Влада правиме и ќе правиме се

  Прашањето за поддршката за формирање на собраниска анкетна комисија за истражување на случувањата во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ треба да биде упатено до пратениците, смета премиерот Христијан Мицкоски.
– Што се однесува за поддршката за анкетна комисија, тоа прашање мислам дека добро е да им го поставите на пратениците.
Мислам дека ваков тип на соочување со јавноста многу скоро ќе биде кога ќе почне процесот во суд.
Така што таму ќе може сите и граѓаните и јавноста и вие медиумите што се се случувало, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање дали пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи барањето на роднините на загинатите во пожарот.

Пронајдете не на следниве мрежи: