Последниот извештај на Европската комисија денеска беше разгледан на заедничката седница на Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за европски прашања. За претседателката Гордана Сиљановска отоврено против двојните аршини на ЕК а за евроамбасадорот Михалис Рокас, пак, најголема загриженост преставување немањето напредок во областа на владеењето на правото.
-Најмногу загрижува областа на владеењето на правото, нема никаков напредок во функционирањето на судството и нема никаков прогрес во борбата против корупцијата, и за последното веќе три години по ред, рече Рокас на заедничката седница.
Според него, целокупната независност и финансиската независност на судството е поткопана од мешањето на други државни гранки. За жал, рече тој, тоа исто така ги вклучува и обидите и на парламентот да врши притисок врз членови на судството да дадат оставка.
-Клучно е и спроведувањето на уставните амандмани на кои државата се обврза како дел од интегрирањето од Европската Унија. Јас сметам на вашите чекори да се движите напред, рече евроамбасадрот.
Тој додаде дека измените на Кривичниот законик, заедно со аки-то на ЕУ одамна се надвор од роковите, нагласи дека треба да се има законска предвидливост и да се избегне перцепцијата на неказнување на казнени дел и други злодела.
-Собранието ја врши својата улга на ефективен начин но се уште постои поларизација за доцно усвојување на извештаи и некои рокови, и во ваши раце е да се продолжи со постапките на изборот на новиот народен правобранител и неговите осум заменици, рече Рокас.
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова нагласи дека по 16 пат, овој извештај како и претходните не говори само за евалуираниот, туку говори и за евалуаторот. Според неа, ако има оценка или натпревар за политичка спремност, тогаш ние ќе бидеме шампиони во спроведувањето, резултатите ги гледаме.
– Ова не е време за реформи, за жал, бидејќи времето наликува на време за време на војна, или пред војна, и тоа не е време кога можат да се прават реформи. Но за мене, и претходно и сега ЕУ е уникатна политичка филозофија ја поддржуваат сите актери, јавноста на Балканот, ЕУ е перспектива, ЕУ е мотив за демократски реформи, Унијата стимулира реформи што водат до траен мир и стабилбост. Сигурна сум дека нашата интегрираност во ЕУ ќе стави крај на феноменот балканизација, како феномен на постојано менување на границите, рече таа.
Таа потсети на некогашната изјава на поранешниот еврокомесар Оли Рен дека не сме проблем за апсорпциониот капацитет на Унијата. Посочи дека ЕУ не е невин играч во се што се случуваше, туку „немаше јасна стратегија, доцнеше на Балканот, побрзи понекогаш беа САД, не беше доследна во мировното здружување, па и денеска преферира двојни стандарди“.
Според неа, сите оценки не можат да се апстрахираат од едно основно барање, а тоа е барањето за уставни измени.
Претседателката коментирајќи го извештајот, посебно потенцираше за барањето за уставни измени.
– Можете да го видите извештајот на Венецијанската комисија за законот за употреба на јазиците, дека „решенијата од овој закон се над европските решенија“. Зборувам за малцински прашања. Мислењето на Венецијанската комисија за Уставот на Бугарија тука се бара од Бугарија „правата на лицата што припаѓаат на националните малцинства мора да бидат заштитени на ниво на Уставот“. Колку држави во Европа имаат одредби за заштита на правата на малцинствата. Многу малку, дури и придавката „француски предлог“ не знам дали соодвевстува бидејки Франција има извонредно развиена демократија, но не ја потшишува Рамковната конвенција за заштита на правата на малцинствата, па затоа оваа придавка виси, нагласи Сиљановска Давкова.
Претседателот на Комисијата за европски прашања Антонио Милошоски, рече дека ги прифаќа забелешките на евроамбасадорот по однос на владеење на правото. – Ние имавме една замисла за структурно-методолошко и кадровско реформирање на Судскиот совет, но имавме реакии дека не треба да се прави таков радикален потег.
Во однос на евроинтеграциите, Милошоски посочи дека ЕП и ЕК секогаш биле сојузници на процесот на проширување на ЕУ, но не и сите земји-членки.
-На крајот одлуката дали проширувањето ќе биде приоритет што ја носи Советот на ЕУ. И таму две или три повлијателни членки можат да одлучат дека процесот не е приоритетен. И денес зборуваме за блокадата од страна на Бугарија. Но првата блокада дојде во 2018 година од страна на Франција, заради новата методологија. Големата слика не зависи од Албанија, Македонија, Босна и Херцеговина, Србија. Војната во Украина придонесе проширувањето повторно да дојде на масата и на оние земји кои претходно беа скептици, и испаѓа дека ЕУ реактивно ја следи агендата на проширување.
Милошоски ја спомена изјавата на албанскиот премиер Еди Рама дека Албанија е подготвена да се придружи кон ЕУ со откажување од правото на вето, да се придружи во ЕУ со немање комесар, и да прифати интеграц во членстви без полноправо одлучувачко право на Албанија.
-Ние можеме да мислиме што сакаме за албанскиот премиер, овие негови забелешки откако се многу добро примени сигналите, дека во ЕУ во моментов не постои консензус за полноправно членство и затоа секој бара поинаков начин да се приклучи, затоа треба и МАкедонија да ги бара другите форми на придружни и алтернативни членства ,оцени Милошоски,
Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции Венко Филипче рече дека иако од 2015 наваму државата вложувала силни напори да се врати на правиот пат, сегашната влада нема никаков интерес за евроинтегративниот процес и повторно не води кон назадување.
-И сега трендовите не се поразлични, владата се обидува да ги покрие, да врши влијание на сите независни институции кои што се надвор од извршната власт.
Тој исто така предупреди дека ЕУ, која минатата година имала само еден услов за отворање преговорите, а тоа беше решавањето на спорот со соседите по ваков извештај дефинитивно ќе има многу повеќе услови.
Според него, и ако за 2026 година добиеме ист ваков извештај се постаува прашањето дали ЕУ нема да не врати на ниво на скрининг.


