Опериран министерот Тошковски

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска бил опериран во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Во објава на Фејсбук пишува дека се чувствува добро и дека следува период на опоравување. Уверува дека Министерството за внатрешни работи продолжува да функционира непречено.
-Денеска во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје бев подложен на успешна хируршка интервенција и се чувствувам стабилно. Во моментов сум под надзор на лекарите, по што следува краток период на опоравување. Ве уверувам дека Министерството за внатрешни работи продолжува непречено и ефикасно да функционира согласно утврдените процедури. Целиот тим професионално си ги извршува обврските и моето привремено отсуство нема да има никакво влијание врз тековните процеси и активности, ниту пак врз безбедноста на граѓаните, напиша Тошковски.

Пронајдете не на следниве мрежи: