Маж и жена се степале на скопските клиники

Две лица се степале во дворот на скопските клиники.

Едното од нив насилно сакало да влезе во автобус каде била жената, со која се расправал претходно.

– На 17.11.2025 во 14.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во кругот на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.Д.(26) од Скопје и 32-годишната С.П. од Демир Капија. Исто така, во 20:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автобуска постројка на бул.„Александар Македонски“, Б.Д. сакал насилно да се качи во автобус каде била С.П., а откако возачот не му ја отворил вратата агресивно се однесувал кон него – информираа од полицијата за овој инцидент.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Пронајдете не на следниве мрежи: