Домашниот градежен гигант „Гранит“ е првата компанија која сама го објави своето име и добиената сума како апикант за финансиски средства од унгарскиот кредит.
Во образложението до „Македонска берза“ за остварениот резултат по изминатите девет месеци од годинава, акционерското друштво известува дека се подигнати три милиони евра од т.н.унгарски кредит.
„Вкупните инвестиции во основни средства во периодот Јануари – Септември 2025 година изнесуваат 184.205 илјади денари, од кои најголем дел во механизација и опрема кои се финансирани од комерцијалните банки преку унгарски подкредит“, известува „Гранит“.
До овој момент Владата, Министерството за финансии и Развојната банка не ги објавуваат компаниите кои добиле средства од унгарскиот кредит.



