Почнува судењето на обвинетите за трагедијата на загинатите во Кочани

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани почнува денеска во 09:30 часот во судницата во КПУ Идризово со засилени безбедносни мерки и присуство на лекарска екипа, со голем број новинаркси екипи и роднини на загинатите во трагедијата,
 
На обвинителна клупа ќе седнат 35 физички лица, а обвинети се, поранешни градоначалници, министри,    три правни лица, меѓу нив има сопственици на локали, управители, инспектори, градоначалници, членови на обезбедување и државни службеници.
Обвинителниот акт опфаќа тешки дела против општата опасност меѓу кои и сериозни пропусти во организацијата на обезбедувањето на објектот.
Обвинети се затоа што во периодот од 2012 до 16.3.2025 година во Кочани, Виница, Штип и во Скопје, како службени и одговорни лица, воопшто не постапиле според прописите и техничките правила за заштита и со тоа предизвикале опасност за животот на луѓето. Првообвинетите со употреба експлозивни материи – пиротехника во затворен простор предизвикале пожар во „Клуб Пулс“ во Кочани, на место каде што биле собрани поголем број луѓе, при настап на музичката група ДНК, во целосно небезбедни и опасни услови, а поради пропустите на службените и одговорните лица, кои придонеле објектот со дозвола за лесна индустрија да функционира како угостителски …
Ова е воведот и суштината на обвинението против 34 физички и 3 правни лица кои се обвинети за Тешки дела против општата сигурност за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025 година, во кој загинаа 63 млади луѓе, од кои 6 малолетни, а 210 лица беа повредени.

Ќе се одржуваат по две рочишта неделно, а процесот ќе го води судијката Диана Груевска – Илиевска, и ветување од сдите страни дека нема да има застој и постапката треба да биде експресна..Обвинението ќе го застапуваат 15 обвинители. Судењето ќе се одвива во новата дигитализирана судница во рамките на затворот Идризово, која има капацитет за вакви судења со голем број обвинети, оштетени и заинтересирана јавност.
На виновниците им се заканува казна затвор од 3 до 20 години, затоа што пропуштале да спроведат надзори и контроли и на тој начин дошло до катастрофалните последици.
По маршот на семејствата на загинатите во саботата во Скопје и барањата да се одржинадзорна расправа и да се формира анкетна комисија, а  веќе е  најавени поддршка од парламентарците и иницијативата е поднесена до Собранито .
Родителите на загинатите , веќе имаат резерва за носење на правдата, затоа што пратениците на ВМРО ДПМНЕ инсиситираат надзорната расправа за Кочани да се услови со надзорна за модуларната болница во Тетово, Дурло транс… каде очекуваат да се докаже вина на претходната власт, што  велат е услов  или политички пазар, да се договорат и актуелната и поранешната власт да се скријат главните виновници. Тие побараа присуство на јавноста и меѓународната заедница во целиот процес на судење кое започнува денеска.
Во пожарот во Кочани на 16 март загинаа 63 лица, а над 210 беа повредени од кои 156 потешко.

Пронајдете не на следниве мрежи: