Денес започнува судењето за трагедијата во Кочани

Денес започнува судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 63 лица, а околу 200 беа повредени. Првото рочиште е закажано за 9:30 часот во судницата во затворот „Идризово“, со засилени безбедносни мерки и присуство на медицински тим.

Во случајот се вклучени 38 обвинети – 35 физички лица и три правни лица, а постапката ќе се води со темпо од две рочишта неделно. Судот ги повикува медиумите да известуваат со достоинство, без сензационализам и со почит кон жртвите и нивните семејства.

Судењето ќе го води судијката Дијана Груевска Илиевска, а обвинителството ќе го претставува проширен тим од 15 јавни обвинители, со цел да се обезбеди ефикасна и фер постапка.

Обвинението опфаќа сериозни кривични дела против јавната безбедност, вклучително и сериозни недостатоци во организацијата на безбедноста на објектот.Меѓу обвинетите се сопственици на барови, менаџери, инспектори, градоначалници, обезбедувачи и државни службеници.
The post Денес започнува судењето за трагедијата во Кочани appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: