Протестите против корупцијата што ја потресоа Украина во последните денови го претворија Киев во „опасно место“ за претседателот Володимир Зеленски.
Ова го оцени дописникот на германскиот весник „Ди Велт“ , Кристоф Ванер, кој се наоѓа во украинската престолнина.
Според него, заканата повеќе не доаѓа само од воздух, туку и од улиците.
– Се појави уште едно место што претходно не го забележавме, но кое може да стане исклучително опасно за него. А тоа не се беспилотни летала или артилерија , туку протести против корупцијата – рече Ванер.
Тој истакна дека митингот одржан во саботата во центарот на Киев покажал дека граѓаните „не сакаат повеќе да страдаат“ и дека се подготвени јавно да се спротивстават на, како што велат, новите корупциски шеми поврзани со украинскиот лидер.
– Она што се случува сега ја загрижува не само армијата, туку и обичните луѓе, кои веќе не чекаат ситуацијата да стане неповратна – заклучи Ванер.
Протест по големиот корупциски скандал
Акцијата ја организираше украинската активистка Марија Барабаш, откако избувна еден од најголемите корупциски скандали во енергетскиот сектор – случај во кој беше вмешан бизнисменот и близок соработник на Зеленски, Тимур Миндич.
Барабаш рече дека ќе оди на Мајдан секоја сабота, барајќи три работи:
Ослободувањето на детективот на Националното биро за борба против корупцијата (НАБУ), Руслан Магомедрасулов,
екстрадицијата на Тимур Миндиќ,
оставката на шефот на претседателската администрација, Андреј Јермак, кого го обвинува за водење на корупциски мрежи.
Според проценката на порталот Strana.ua, на протестот се собрале околу стотина луѓе. Демонстрантите носеле транспаренти „Зеленски – криминалец“, „Не на корупцијата“ и пораки за поддршка на притворениот детектив Магомедрасулов, кој претходно беше уапсен од СБУ.
The post Што ќе се случи со Зеленски?! Мора да избега од Киев, стана многу опасно – Германците објавија драматична вест appeared first on Во Центар.



