Нема одложување на главната расправа за Кочани, Судот го одобри спојувањето на двете обвиненија

Судскиот процес за трагедијата во Кочани почна со одлука на Судечкиот совет да на ја одложи главната расправа и да ги спои двете обвинителни постапки со што рочиштето може непречено да продолжи, иако одбраната на обвинетите бараше одложување.

Во првата постапка беа опфатени 34 лица како директни виновници за трагедијата во Кочани со правни дејствија од 2012 година до моментот на кобната ноќ, бидејќи не презеле соодветни дејствија да го спречат нелегалното работење на дискотеката Пулс и дека преку коруптивни дејства издавале фалсификувани лиценци и елаборати овој објект да продолжи да функционира.

Во втората постапка е опфатен Александар Нацев, кој се смета за вистински сопственик на приватната агенција за обезбедување „Рубикон“ која била задолжена за обезбедување на дискотеката, а дозволила влез на малолетни лица по полноќ, не презела соодветни мерки за обезбедување од употреба на пиротехника, и овозможила влез на повеќе од лица од дозволениот капацитет.

Адвокатите на одбраната односно на обвинетите побараа одложување на првото судско рочиште поради спојувањето на двете постапки во една и поради поднесената редуцира листа на докази од страна на обвинителството.

Но бидејќи нема промена на правната квалификација и не се додадени нови докази или сведоци во постапката со кои не е запознаена одбраната.

Во текот на рочиштето се очекува обвинителството да го даде воведниот збор, додека пак обвинитете по евиденцијата на нивните генералии ќе треба да се изјаснат за вина по поднеснето обвинение.

Првоосомничени се сопственикот на дискотеката и одговорните лица, потоа актуелни и поранешни функционери на локално и државно ниво, инспектори, државни службеници, како и одговорни градежни инженери.

Судењето се спроведува во дигиталната судница на КПУ Идризово која е најнова и најдобро опремена за водење на вакви масовни предмети, а во судницата има голем број новинарски екипи, како и родители на жртвите.
The post Нема одложување на главната расправа за Кочани, Судот го одобри спојувањето на двете обвиненија appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: