Филипче за изјавите на Давкова: Ова покажува дека Груевски ја контролира ВМРО-ДПМНЕ од Будимпешта

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, остро реагираше на изјавите на претседателката Гордана Силјановска-Давкова дека сега не е време за реформи, бидејќи е време на војна.

Претседател на земја, кој само пред година и пол доби половина милион гласови, не може да си дозволи да каже дека сега не е време за реформи.

Неколку дена пред ова, Никола Груевски од Будимпешта напиша пост во кој рече дека Европа е во време на војна. Ќе станува сè појасно дека ВМРО-ДПМНЕ е контролирана од Никола Груевски од Будимпешта.

„И тие се само извршители на неговата политика и ништо друго“, рече Филипче.
The post Филипче за изјавите на Давкова: Ова покажува дека Груевски ја контролира ВМРО-ДПМНЕ од Будимпешта appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: