Свети Арханхел еден од најзначајните празници во православниот календар, се слави на 21 ноември. Посветен е на Свети Архангел Михаил, водачот на небесните сили и заштитник на верата. За многу семејства, овој ден е можност за молитва, мир и благодарност, но и потсетник за важноста на заедништвото и добрите дела.
Традиционално, денес се палат празнични свеќи и се крши колач, а трпезата може да биде посна или мрсна , во зависност од денот во неделата. Тоа е моментот кога семејството се собира и поминува време заедно, во тивка и духовна атмосфера.
Што не треба да правите на денот на Свети Архангел?
Свадби и прослави
Овој ден не е наменет за бучни прослави. Архангел е посветен на мир и тишина, па затоа приватните и семејните прослави се најдобро решение.
Кавги и конфликти
Важно е да се одржува мирот во домот. Расправиите и лутината го нарушуваат спокојството, додека мирот и разбирањето внесуваат позитивна енергија во домаќинството. Светиот Архангел Михаил е симбол на правдата и мирот, па затоа се верува дека конфликтите можат да донесат несреќа во семејството.
Отстспки од обичаите
Свети Архангел е денот кога традиционално се палат свеќи и се молитвуваат за заштита на домот и семејството. Игнорирањето на овие обичаи може да значи пропуштена можност да се внесе дополнителна хармонија и спокојство во домот.
Со одбележување на овој ден, семејството може да ја почувствува заштитата на Светиот Архангел Михаил и силата на заедништвото.
The post 3 работи што не смеете да ги правите денес на свети Архангел: Одржувајте го мирот во домот и заштитете ги членовите на домаќинството appeared first on Во Центар.



