Изборот на претседател на ДКСК на Комисијата за прашања на изборите и именувањата

 Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе одржи седница, на чиј дневен ред е Утврдувањето Предлог-листа за избор на претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Антикорупциска треба да добие  нов претседател на местото на Татјана Димитровска која поднесе оставка, откако беше обвинета  за оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат.
Комисијата за селекција на кандидати за претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) што ја формираше собраниската Комисија за прашањата на изборите и именувањата вчера соопшти дека кандидатот Адем Чучуљ од Скопје, дипломиран правник и актуелен генерален секретар на ДКСК, го оценила како најуспешен во постапката за избор.
Второрангиран е Бранко Смилевски од Скопје – дипломиран економист, магистер на науки за антикорупција, кој е актуелен помошник на Главниот ревизор, со освоени 86,33 бодови, а треторангиран е проф. д-р Кимо Чавдар од Скопје, дипломиран правник со положен правосуден испит и доктор на политички науки, кој освоил 81,83 бодови.

Пронајдете не на следниве мрежи: