На булевар во Нов Белград момче (25) денеска е пронајдено мртво.
Според информациите на српските медиуми, тој има видлива повреда на главата.
Очевидци за „Телеграф“ изјавиле дека слушнале истрели.
Вработената во трафиката во близина каде момчето е пронајдено, изјави дека се слушнал силен истрел, кој ја исплашил, па морала да ја заклучи трафиката и да се скрие.
Според сознанија, полициската акција „Вихор 3“ е во сила за територијата на Нов Белград и Земун.
Очевидци изјавиле дека слушнале истрели, но не го виделе сторителот.
Како што се претпоставува убиството се случило кај влезот во блиската зграда.
Пронајдете не на следниве мрежи:



