Аца Лукас со македонското знаме на себе ја пее „Јовано Јованке“ – по приведувањето напиша „Ја сакам Македонија“

Српскиот фолкер Аца Лукас, на социјалната мрежа Инстаграм“ рано утрово околу 3.30 часот, неколку часа откако беше приведен во полициска станица во Кавадарци, сподели видео од негова изведба на песната „Јовано Јованке“.

На видеото од настапот тој на себе го има македонското знаме, а во описот на видеото порача „Ја сакам Македонија“.

Аца Лукас доби поддршка од македонските фанови во коментарите.

Ова се случи откако синоќа беше приведен во Кавадарци во 00:10 часот, за време на настап во угостителски објект во овој град.

https://www.instagram.com/reel/DRV4QtZCDOX/?utm_source=ig_web_copy_link&igsh=MzRlODBiNWFlZA==

Аца Лукас е приведен во Кавадарци, менаџерот го обвини Мицкоски: „Причината е наводно тоа што Лукас носел македонско знаме, а не бугарско“

Пронајдете не на следниве мрежи: