„Сите исполнуваат услови“: Премиерот уверуваше во безбедноста, три дена подоцна локал во Кавадарци со двојно повеќе гости од дозволеното

Само 72 часа откако премиерот Христијан Мицкоски јавно , ја увери нацијата дека сите угостителски објекти што работат ги исполнуваат техничките услови, реалноста на терен го демантираше на најдраматичен начин. Упадот на полицијата и инспекциите на концертот на Аца Лукас во Кавадарци разоткри системски хаос: кафетерија претворена во концертна сала, двојно надминат капацитет и масовно затајување данок.

Во вторникот, одговарајќи на новинарско прашање дали граѓаните можат да се чувствуваат безбедни кога излегуваат во ноќни клубови и дискотеки, премиерот беше дециден. „Апсолутно сите, оние кои денеска работат и функционираат, ги исполнуваат минимално-техничките услови,“ изјави тогаш претседателот на Владата.

Но, случувањата во петокот вечерта во објектот „Рома“ во Кавадарци покажаа сосема поинаква слика за безбедноста и легалноста.
Кафетерија со амбиции на стадион: 500 луѓе во простор за 200
Според документацијата до која дојде Канал 5, објектот каде што настапувала балканската ѕвезда воопшто не е регистриран за такви настани. Локалот „Рома“ се води како кафетерија и немал никаква дозвола за организирање музички настани од таков обем.
Најзагрижувачкиот податок, кој директно кореспондира со стравот за безбедноста на граѓаните, е бројот на присутни. Максимален дозволен капацитет: 200 лица. Присутни во моментот на контролата: 500 лица. Ова значи дека во објектот имало 2,5 пати повеќе луѓе од безбедносниот максимум, создавајќи сериозен ризик од стампедо или неможност за евакуација во случај на несреќа.
Споре српскиот пеач па тоа било над 1000 луѓе.Тој тврди дека власта на Мицковски сакала да прави парада и дека на нивно барање бил приведен во станица , до сабајле, иако мечтаните и луќето во полициската станица му се извинувале
Се огласи и градоначалникот МИтко ЈАнчев.
„Нема да дозволиме Кочани сценарио. Безбедноста е прва!“, нагласи Јанчев, потсетувајќи на трагедијата во дискотеката „Пулс“. Организаторите претходно барале дозвола за проширување на просторот и поставување урбана опрема, но Општина Кавадарци го одбила барањето на 14 ноември поради проценка дека условите се небезбедни. Сопственикот бил информиран писмено и усно.Внатрее имало 700 луѓе
Дополнителен прекршок бил непријавениот ангажман на Лукас: тој не бил регистриран ниту во Агенцијата за вработување, ниту во Министерството за труд. МВР потврди: „Аца Лукас настапувал без потребната дозвола. За тоа му е изречена парична казна, а поднесена е и прекршочна пријава.“
Приведувањето се случил речиси на крајот на концертот,  десет минути по полноќ, по што настапот српскиот пејач Аца Лукас е  симнат од бина а концертот веднаш прекинат. Тој потоа не со полициска туку со својат акола отисол во станицата каде останал до утрото.

Пронајдете не на следниве мрежи: