Хамас испрати делегација во Каиро во неделата на состанок со посредниците за војната во Газа, изјавија египетски безбедносен извор и извор од Хамас, пренесе „Ројтерс“.
Претставник на Хамас, кој зборуваше под услов на анонимност, рече дека делегацијата ќе разговара за „континуираното прекршување на договорот за примирје од страна на Израел“.
Египет, Катар и САД посредуваат меѓу Хамас и Израел и го обезбедија примирјето што стапи во сила минатиот месец.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху претходно изјави дека израелската армија убила петмина високи членови на Хамас во саботата, откако борец влегол во делот на Газа под израелска контрола со намера да нападне израелски војници.
Здравствените власти во Газа соопштија дека израелските воздушни напади убиле најмалку 20 луѓе во саботата.
Армијата во неделата соопшти дека локален командант на Хамас бил меѓу убиените во саботните напади.



