Браќата го чистеле таванот по смртта на нивната мајка: Од минатиот четврток, тие се побогати за 7,9 милиони евра

Во еден скромен дом во Калифорнија, тројца браќа наишле на предмет кој целосно ќе им го промени животот и ќе го привлече вниманието на колекционерите ширум светот.

Тие го откриле случајно додека пребарувале низ работите на нивната неодамна почината мајка, објавува „Дејли меил“.

Речиси совршена состојба

Браќата знаеле дека нивната мајка и чичко поседуваат колекција стрипови , но никогаш не ја виделе. Дури откако почнале да ги средуваат семејните работи, наишле на заборавена, прашлива кутија на таванот. На почетокот, немале поим колку е драгоцена.

Имено, во кутијата, браќата го пронашле оригиналното издание на стрипот „Супермен“ од јуни 1939 година (Супермен #1), кој ги следи авантурите на „Човекот од челик“.

Нивното откритие предизвика возбуда во светот на колекционерите, бидејќи се покажа дека стрипот е во речиси совршена состојба. Исто така, беше оценет од реномираната компанија „Certified Guaranty Company“, позната по својата прецизна и непристрасна евалуација на стрипови, и доби импресивна оценка од 9,0.

Рекордна бројка

За речиси стогодишни стрипови, оваа состојба е исклучително ретка. Покрај тоа, калифорниската копија содржи значајни/клучни моменти што ја обликувале приказната за еден од најпознатите суперхерои во историјата.

На аукциската куќа „Херитиџ“ минатиот четврток, зачувана копија беше продадена за неверојатни 9,12 милиони долари (околу 7,9 милиони евра), што го прави највредниот стрип во историјата!

Претходниот рекорд го држеше друга копија од „Супермен“, продадена за 5,3 милиони долари во приватна организација.
The post Браќата го чистеле таванот по смртта на нивната мајка: Од минатиот четврток, тие се побогати за 7,9 милиони евра appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: