Тајните средби Ахмети – Мицкоски и бегството на Груевски

Во синоќешната емисија Во Центар со Васко Ефтов, каде гостин беше Насер Зибери, се разговараше и за тајните средби на Али Ахмети со Христијан Мицкоски по изборите и тоа четири средби – две во Собрание и две во Мала Речица. Што се однесува до бегството на Никола Груевски,според Зибери клучна улога во помагањето и организирањето имал поранешниот претседател на Албанија, Илир Мета.

-Господине Зибери, Али Ахмети во цела своја кариера има тајни средби со Груевски на пример неколку средби па дури бегството на Груевски оди токму преку, во наводници, западниот дел којшто е под контрола на Али Ахмети бидејќи СДСМ такви какви што се кљакави ни бегството на Груевски не ќе можат да го организираат.Има една теза дека Али Ахмети паѓа сега поради близината со Груевски и поради тајните комуникации со Груевски. Дали оделе луѓе на Стево Пендаровски таму да разговараат,Еролд Муслиу на пример, дали имала една или две средби на Бујар Османи. Бујар Османи рече бев таму кај што државата сметаше дека треба да одам. Дали имал Артан Груби? Дали имал Миле Зечевиќ кој тогаш беше генерален. Значи имало и тајни средби со Груевски во Будимпешта и тајни разговори кај Стево Пендаровски за враќање на Никола Груевски. Значи има два концепти во тој момент во Македонија. Едниот концепт да се врати Груевски, да се подели ВМРО-ДПМНЕ и да се направат уставни измени за француски предлог. И вториот концепт, Зоран Заев, не знам, Христијан Мицковски, дел на структури на на СДСМ и дел на олигархија за заедничка влада на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ. Очигледно проектот на Али Ахмети паѓа во вода, не се реализира, не се враќа Никола Груевски назад.

„Дека има, имало комуникации. Претпоставувам дека и сеуште има. Не се сомневам.Се фали Али Ахмети за средби со Груевски.А кои личности и дали тета тет средби се? Немам јас такви информации.“-Сте го прашале како избегал Никола Груевски? Еве сте имале кампања, сте биле пријатели, сте биле „псе јо“, сте го прашале ли, тој сака да говори на тие теми.Па тој мислам дека се оградува како директен учесник.Дека не го возел тој, дека не го возел возилото, дека клучна улога во помагањето на бегството има поранешниот претседател на Албанија Илир Мета.“

-Илир Мета е последен политичар кој има средба со Груевски по губење на локалните избори 2017 годинаи дека во Тирана се сменети целата документација за лична идентификација која помогнала да се поминат граници и така натаму. Значи клучна улога во помагањето и организирањето а имал Илир Мета. Ова ми е кажано од Али Ахмети, односно информациите ми се од ДУИ.“Имал ли посталанските избори Али Ахмети средби со Христијан Мицкоски тајни што не се јавни? Колку што знам јас Да. Неколку да четири средби. Ако не грешам, две во собрание, две во Мала Речица.

Сите екслузивните детали што Насер Зибер ги откри за емисијата Во Центар може да ги погледнете на следниот линк:

The post Тајните средби Ахмети – Мицкоски и бегството на Груевски appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: