Обвинителството издаде наредби за расветлување на убиството во Тетово

Обвинителството веќе постапува откако вчера во атарот на тетовското село Нераште беше пронајдено безживотното тело на 42-годишниот тетовец кој претходно беше пријавен за исчезнат.
Од Обвинителството информираат дека се дадени повеќе наредби со цел откривање на сторителите поради сомневање дека смртта е резултат на кривично дело.
– Дадена е наредба за обдукција, наредба за подигање на возилото и други траги од лице место на кои ќе се врши вештачење, наредба за обезбедување на снимки од видео надзор, како и други докази. По наредбите се постапува, велат од Обвинителството.
Полицијата вчера соопшти дека телото на изчезнатиот е пронајдено во возило во атарот на Нераште, а на возачкото стакло имало пукнатина од испукан куршум.
Исчезнувањето во полиција го пријави неговата сопруга.

Пронајдете не на следниве мрежи: