Во тек е полициска акција во Скопје, Куманово и други локации поради сомневања за злоупотреба на службената должност.
Полициската акција се одвива во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, а се вршат претреси на повеќе локации.
Обвинителството најавува повеќе информации по завршување на акцијата.


