Одбраната реагира дека на сите не им е доставено изменетото обвинение

На почетокот на денешното рочиште за пожарот во Кочани, одбраната на дел од обвинетите реагираше дека го нема добиено изменетото обвинение поради што е даден поливина час пауза. Според одбраната, доказната документација е целосно несредена и хаотична, а обвинетите треба да се произнесат за вина за обвинение коешто воопшто не го добиле.
– Ниту еден од обвинетите, односно најголемиот дел вооопшто го немаат добиено интегрираниот текст на обвинението, а ќе се очекува да се дадат воведни зборови. Затоа предлагам судот да го расчисти ова прашање, па потоа да одлучиме во зависност од одлуката на Судот како ќе продолжиме, рече еден од адвокатите на одбраната пред почетокот на рочиштето.
Судијката Диана Груевска Илиевска нагласи дека на минатото рочиште Судот побарал електронски адреси на сите кои сакаат да им биде пратено.
-Ние сметаме дека преку бранителите сите треба да го имаат меѓутоа ако немаат ќе се потрудме преку судот да име се достави, речеГруевска-Илиевска.
Ова е второ судско рочиште за пожарот во дискотеката Пулс во кој загинаа 63 лица, а околу 200 беа повредени.

Пронајдете не на следниве мрежи: