Андоновски: Околу 40.000 студенти добија ваучери за купување електронски уреди

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, зборуваше за тековниот проект што Министерството за дигитална трансформација го води во соработка со други институции, каде што нагласи дека околу 40.000 студенти го добиле својот ваучер во вредност од 15.300 денари во првата недела од повикот, и потсети дека се планирани 55.000 ваучери за електронски уреди за студентите запишани на универзитетски студии во академската 2025/26 година.

Андоновски нагласи дека ова е еден од најважните проекти што ресорното министерство, во соработка со Генералниот секретаријат на Владата и Министерството за образование, наука и технологија, го имплементирало, а кој има за цел да го премости дигиталниот јаз во општеството, а со тоа да му овозможи на секој ученик пристап до електронски уред.

„Ова е еден од најважните проекти поврзани со надминување на дигиталниот јаз, често се зборува за тоа колку општеството напредува во дигитализацијата, додека остатокот заостанува. Бидејќи некои луѓе немаат пристап до електронски уреди. И оваа идеја на премиерот Мицкоски ја спроведе Владата, Владиниот секретаријат со порталот uslugi.gov.mk, кој го управуваме како министерство и е доста успешна. Целта е да се постигне 55.000 студенти од прв циклус на студии да добијат ваучери за електронски уреди“, објасни министерот Андоновски.

Во однос на начинот на кој се одвива процесот, министерот нагласи дека оваа мерка е една од најпопуларните мерки преземени досега во областа на дигитализацијата.

„Според податоците, нешто помалку од 40.000 апликации веќе се успешни, 40.000 студенти го добиле својот ваучер и можат да го користат во продавниците. Тоа е навистина предизвикувачки процес, можам да кажам дека првиот ден имавме околу 15.000 апликации само тој ден, што во споредба со 2023 година го надминува бројот на годишни апликации на порталот, така што порталот немаше толку голем број апликации во одреден момент, што го покажува интересот на граѓаните и студентите да аплицираат, довербата во институциите дека ќе добијат ваучер“, нагласи Андоновски.

Рокот за аплицирање за ваучери од страна на студентите, како што рече министерот, е до 20.12.2025 година, но со оваа динамика, Андоновски верува дека ваучерите ќе бидат подигнати до првата недела од декември. Тој исто така истакна дека користењето на ваучерите ќе биде со рок до 31.12.2025 година.
The post Андоновски: Околу 40.000 студенти добија ваучери за купување електронски уреди appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: