„Како Влада, цврсто веруваме дека економијата расте кога граѓаните имаат поддршка да создаваат, да иновираат и да станат претприемачи, затоа мерката за самовработување, како дел од Оперативниот план, е една од најатрактивните и најуспешните програми во земјата“, вели премиерот Христијан Мицкоски.
„Оваа година имаме најголем интерес досега – вкупно се примени нешто над 6.000 апликации, што е силен показател дека граѓаните имаат желба, знаење и самодоверба да го изградат сопствениот бизнис, а државата стои зад нив со конкретна и рекордна финансиска поддршка. До денес се издадени 2.916 ваучери за изработка на бизнис план, а оценети се 2.681, од кои 1.140 за млади лица под 29 години, 912 за лица над 29 години и 629 за правни лица регистрирани како друштва со ограничена одговорност. Во моментов, 2.545 лица се веќе во процес на потпишување договори за грантови, по што ќе следи дводневна обука што ќе им помогне да влезат во претприемачките води со поголема самодоверба“, информираше Мицкоски.
Од вкупно 6.045 апликации, 3.296, рече тој, се од млади лица под 29 години.
Оваа мерка, како што оценува Мицкоски, е силен инструмент во стратешката борба против невработеноста.
„Наместо пасивни мерки и чекање поволни околности, ја менуваме филозофијата – од држава која обезбедува само социјална поддршка, се трансформираме во држава која создава можности, го поттикнува личниот напредок, ја поттикнува храброста и им дава на луѓето средства да станат независни. Самовработувањето создава работни места таму каде што нема големи фабрики, отвора перспективи во руралните средини, ги активира младите луѓе, ги зајакнува жените претприемачи и им овозможува на секој што има добра идеја да ја претвори во приказна за економски успех“, рече премиерот.
The post Мицкоски: Примени се над 6.000 апликации за мерката самовработување appeared first on Во Центар.



