Повлечена Milka чоколада со карамела во Хрватска поради можност за присуство на пластика

Хрватскиот државен инспекторат соопшти дека од продажба се повлекува популарната Milka чоколада со карамела од 100 грама, поради можност за присуство на мали парчиња пластика во производот. Како што наведува Хрватскиот агенцијата за земјоделство и храна (HAPIH), повлекувањето се однесува на точно дефинирани серии, а потрошувачите се повикуваат на зголемена претпазливост. Производот не е во согласност со европската регулатива за безбедност на храна, бидејќи присуството на туѓо тело може да претставува ризик по здравјето.

Повлекувањето се однесува на производот MILKA ЧОКОЛАДА КАРАМЕЛА 100 g, со EAN код 7622210349675 / 557642. Производител е Mondelez Deutschland GmbH од Германија, а на хрватскиот пазар го дистрибуира Müller trgovina Zagreb d.o.o.

Кои серии се проблематични?

HAPIH ги објави точните рокови и шифри на сериите што се повлекуваат од продажба. Ако ја имате оваа чоколада, проверете дали припаѓа на една од следните серии:

Рок на траење 20.02.2026. – шифри: OSV1252132 и OSV1252133Рок на траење 21.02.2026. – шифра: OSV1252141Рок на траење 26.02.2026. – шифра: OSV1252223Рок на траење 27.02.2026. – шифри: OSV1252231, OSV1252232 и OSV1252233Инспекторатот потенцира дека предупредувањето се однесува исклучиво на производите со овие податоци. Потрошувачите кои го поседуваат спорниот производ се советуваат да не го консумираат, туку да го вратат во продавницата или да го отстранат на безбеден начин.

Според надлежните, мерката е превентивна и има за цел да спречи можни повреди кај потрошувачите.
The post Повлечена Milka чоколада со карамела во Хрватска поради можност за присуство на пластика appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: