Именувани повереници во општините каде не беа избрани градоначалници

Именувани се повереници во четирите општини каде за локалните избори не беа избрани градоначалници. Тие ќе ги извршуваат работите кои се во надлежност на градоначалникот до изборот на новите градоначалници.
Повереник за Маврово-Ростише е Онер Јакупоски, за Центар Жупа – Аријан Ибраим, за Врапчиште Буњамин Кадриу и за Гостивар Фадил Џемили.
Во четирите општини не беа избрани градоначалници затоа што не излегоа една третина од вкупниот број на избирачи запишани во Избирачкиот список.

Пронајдете не на следниве мрежи: