Пропадна тендерот за Универзална сала

Тендерот за Универзална сала пропадна. Министерот за култура Зоран Љутков денеска изјави дека следната недела ќе биде повторен тендерот и дека се надева оти до средината на јануари ќе биде познат изведувачот на градежните работи.
– Според мене, не е суштински проблемот, но како и да е, има известување од Комисијата за жалби. Ова реално ќе ја одолговлечи работата за уште некои два месеца оти постапката сега ќе трае малку пократко, бидејќи онаа фаза во која го изработувавме тендерот траеше 15 до 20 дена. Сега во однос на таа фаза нема забелешки, што значи дека веднаш ќе го распишеме тендерот кога ке поминат тие 10 дена. Следната недела ќе го повториме тендерот, ќе трае 30 дена и се надевам дека до средината на јануари ќе го имамне новиот изведувач, изјави Љутков.
Универзалната сала треба да биде готова до крајот на 2027 и да биде ставена во функција за проектот „Скопје Европска престолнина на културата 2028“.
Универзална сала се запали на 9 април лани, само еден месец откако продолжија градежните работи за нејзина реконструкција

Пронајдете не на следниве мрежи: