Познатата актерка , која беше сакана од публиката уште како тинејџерка од култна ТВ комедија, вчера го прослави својот 54-ти роденден. Но, зад насмевката се кријат години борба со тешки дијагнози. Дури откако стана синоним за духовитата, разгалена русокоса од популарната серија, нејзиниот живот доби сосема неочекуван пресврт.
Првата голема битка
На врвот на својата слава, Кристина Аплгејт се соочи со дијагноза рак на дојка. Имаше само 36 години и донесе одлука да ја чува својата болест во тајност за да се заштити себеси и своите најблиски. Во еден момент, мораше да ги отстрани обете гради – одлука што храбро ја донесе и продолжи да ја прави и покрај сè.
Нова дијагноза во екот на пандемија
Во 2020 година, за време на пандемијата на коронавирусот, дојде уште еден шок. На актерката ѝ беше дијагностицирана мултиплекс склероза, болест со која се бори и денес. Додека гостуваше во новата епизода од подкастот „MeSsy“, таа откри дека мултиплекс склерозата ја довела во болница повеќе од 30 пати.
Ќерката повеќе не ја гледа истата мајка како порано
Кристина, исто така, отворено зборуваше за тоа како нејзината четиринаесетгодишна ќерка, Сејди, се справува со болеста на нејзината мајка.
„Во нејзините очи, јас бев здрава мајка – тркачка, девојка која секогаш оди на тренинг, некој што си игра и не запира. Кога сè се смени во 2021 година, таа храбро се држеше. Но, денес… ја гледам како ме гледа додека лежам во кревет и едвај можам да се движам“, призна актерката.
Таа додаде дека чувствува како нејзината ќерка да ја изгубила верзијата на нејзината мајка што ја познавала.
„Колку што старее, толку повеќе ја боли. Кога излегуваме, таа знае дека ми е тешко, бидејќи имам многу вознемиреност околу излегувањето меѓу луѓе. Таа секогаш ме држи за рака, ми помага со стапот и сè што ми треба.“
Поддршка што дава сила
Иако борбата е секојдневна и тешка, Кристина вели дека токму поддршката од нејзиното семејство, а пред сè од нејзината Седа, ѝ дава сила да истрае, дури и во најтешките денови.
Оваа емотивна исповед многумина ги потсети на реалноста на болестите кои не се видливи на прв поглед, но длабоко ги чувствуваат, како оние кои се борат, така и нивните најблиски.
The post Ќерка ѝ повеќе не ја препознава, болеста полека ја одзема: Во средината на нејзината борба со ракот, пристигнаа уште пострашни вести appeared first on Во Центар.



