Утре првични резултати за стомачните тегоби кај учениците од „Димо Хаџи Димов“

Првичните резултати за стомачните тегоби кај учениците во основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во Влае ќе бидат познати утре. Кујната во училиштето е затворена и издадена е решение за забрана за работа.
Земени се повеќе мостри на кои ќе се работи вечерва со цел првичните резултати да бидат познати веќе утре.
Извршен е и вонреден инспекциски надзор од страна на Државниот санитарен и здравствен инпекторат во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство и Институтот за јавно здравје.
На стомачни тегоби се пожалиле девет деца, но од настава денеска отсуствувале 80-тина ученици.

Пронајдете не на следниве мрежи: