По симптомите на стомачни тегоби кај ученици во основното училиште „Димо Хаџи Димов“, денеска вонредни инспекциски контроли се вршат во кујните во девет основни училишта на територија на Карпош каде истиот оператор доставува храна.
Во училиштата каде нема деца кои појавиле симптоми на труење со храна, како што информираат од АХВ, се земаат мостри од храна и од работните површини.
Од вчера е затворена кујната во ОУ „Димо Хаци Димов“ во скопската населба Влае откако голем дел ученици се пожалиле на стомачни болки.
Според изјавите на надлежните институции, денеска се очекуваат првичните резултати од вчера земените мостри од ОУ „Димо Хаџи Димов“.
Официјално девет деца беа пријавени со стомачни тегоби од кои некои беа хоспитаизирани на Детската клиника, но околу 80 ученици отсуствувале од настава.


