На прес-конференција во четврток, Жанин Пиро, американската обвинителка за Вашингтон, ги откри имињата на двајцата членови на Националната гарда на Западна Вирџинија кои беа застрелани во близина на Белата куќа во среда.
Станува збор за Сара Бекстром (20) и Ендру Волф (24). Тие сè уште се во критична состојба.
„Тие беа во Вашингтон за да го направат градот безбеден, во согласност со извршната наредба на претседателот Трамп за безбеден и убав Вашингтон“, рече Пиро.
Prayers for Sarah Beckstrom and Andrew Wolfe and their families as they remain in critical condition on this Thanksgiving holiday. pic.twitter.com/al6S325Ako— Chad Ramsey (@chadramsey007) November 27, 2025
Таа додаде дека тие одговориле на повикот, ја презеле одговорноста и се пријавиле како волонтери.
„Тие ги ризикуваат своите животи за луѓе што дури и не ги познаваат“, рече таа.
Да потсетиме, двајца војници на Националната гарда беа застрелани вчера пред Белата куќа, а полицијата објави дека осомничениот за нападот во Вашингтон е уапсен.
Генералниот обвинител на Соединетите Американски Држави, Пам Бонди, денес изјави дека двајца припадници на Американската национална гарда биле оперирани во среда и додаде дека осомничениот Авганистанец би можел да се соочи со доживотна казна затвор.
„Во моментов ќе ги базираме обвиненијата врз прогнозата за припадниците на Националната гарда. И двајцата беа оперирани, но во овој момент нема да зборувам за нивното здравје. Се молиме за нивно закрепнување, но во најлош случај, минималната казна би била доживотен затвор по обвинение за тероризам“, рече Бонди, според Ројтерс.
Осомничениот за пукањето, Рахманула Лаханвал, претходно работел во Авганистан за американската влада, вклучително и за Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА), изјави директорот на ЦИА, Џон Ратклиф.
Како што прецизираше, Лаканвал, кој наводно отворил оган врз двајца припадници на Националната гарда на Западна Вирџинија во Вашингтон, служел како авганистански партнер на ЦИА во Кандахар.
„По катастрофалното повлекување од Авганистан, администрацијата на (поранешниот американски претседател Џо) Бајден го оправда доведувањето на наводниот напаѓач во САД во септември 2021 година поради неговата претходна работа за американската влада, вклучително и за ЦИА, како член на партнерските сили во Кандахар, што заврши кратко време по хаотичната евакуација“, изјави Ратклиф за „Фокс њуз“.
Лаканвал е авганистански државјанин кој дошол во САД во 2021 година како дел од програмата на администрацијата на Бајден, воспоставена по повлекувањето на американските трупи од Авганистан.
The post Ова се членовите на Националната гарда кои беа застрелани во близина на Белата куќа: „Тие ги ставија своите животи на коцка“ (фото) appeared first on Во Центар.



