Сокот од тиква е богат со антиоксиданси кои играат клучна улога во намалувањето на ризикот од кардиоваскуларни заболувања и мозочни удари.
Содржината на пектин и фитостероли во овој пијалок придонесува за намалување на високиот крвен притисок и има корисни ефекти врз нивото на лошиот холестерол.
Еве еден рецепт како сами да го направите дома:
Состојки:
1,5 кг излупена тиква
3,5 литри вода
1 кг кафеав шеќер
сок од 5 лимони
цимет
мелен ѓумбир
Подготовка:
Исчистете ја тиквата и исечете ја на парчиња. Додадете шеќер, исечкана тиква во водата и варете додека тиквата не омекне. Кога ќе омекне доволно, згмечете ја, а потоа додадете сок од лимон, цимет и ѓумбир во изладената течност од пире, по желба. Ако сакате погуст сок, додадете пасирана пулпа од тиква во течноста (количина по желба). Истурете во стерилни стаклени шишиња, оставете да се олади, а потоа ставете во фрижидер. Потрошете во рок од седум дена.
The post Најмоќното оружје за зајакнување на имунитетот: Една чаша е доволна за да ве наполни со здравје appeared first on Во Центар.



