Повеќе разводи од бракови во земјава

Зголемен број на разводи, а намален број на склучени бракови регистрира Државниот завод за статистика за третото тримесечје од годинава.
Објавените податоци покажуваат дека во периодот јули–септември биле регистрирани 3.514 нови бракови, што претставува пад од 2.8 проценти во споредба со истиот период лани.
Наспроти тоа, се бележи тренд на зголемување од 27,7 проценти на разводи, односно во третото тримесечје од годинава евидентирани се 470 разводи.

Пронајдете не на следниве мрежи: