Почнува прославата по повод Денот на албанското знаме – колабираше сообраќајот во Чаир

Поради прославата на Денот на албанското знаме, сообраќајот во Чаир попладнево е силно отежнат, а делови од улиците кон Бит Пазар речиси се непроодни, пренесува Макфакс.

Според видеото, движењето е овозможено само во лентата резервирана за дефилето, додека останатите ленти и околни улици се блокирани со возила, а семафорите не работат, со што се предизвикува застој и отежнато движење на сообраќајот.

Колоните ќе се движат со полициска придружба, а тргнувањето ќе биде од пред Општина Чаир и ќе заврши пред плоштадот Скендер-бег.

Пронајдете не на следниве мрежи: