Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска во изјава за медиумите попладнево истакна дека сè уште не може целосно да се заклучи од што е се стомачни тегоби кај децата од ООУ „Димо Хаџи Димов“ во Општина Карпош, бидејќи се уште траат испитувањата, но зага има почетни докази.
Како што е потенцирано, во носот на една вработена најден е Стафулококус ауреус, како е бактерии од групата Ентеробактериаце грам-негативна бактерија, на три чешми во училиштето. Кај едно од децата засега е најден норовирус.
Андоновска информира дека досега имаат 29 пријави и плус една наставничка која се пожалила на стомачни тегоби. Потенцира дека во Детската клиниката биле сместени пет дечиња, а денеска се донесени плус две деца. Информира дека сите деца се во добра здравствена состојба и се стабилни.
Се апелира на зголемена хигиена во училиштето, да се набават нови дезинфициенти и сапуни. Препорача децата со симптоми да останат се уште дома. Доколку има влошување на клиничката слика, да се јават во Центарот за јавно здравје, но пред сè кај нивните матични доктори, за да можат да бидат пратени на понатамошни иследувања


